Србија одигра 1:1 на гостувањето во Виена против Австрија и има добри шанси во реваншот во Белград да се избори за останување во Сегментот А во Лигата на нациите. Србите губеа со 1:0 по првото полувреме, но Самарџиќ погоди во 60-тата минута и донесе посакувано реми пред реваншот во Белград.
„Многу тежок меч. Австрија има квалитетен состав. Знаевме дека во одредени моменти ќе бидеме инфериорни, но посебно ме радува пристапот, да не се предадеме. На полувреме им реков на момците дека имаме шанси да постигнеме гол. Ова е добар резултат за нас и сега на домашен терен сами ќе си решаваме. Ќе бидеме подобри во реваншот. Четворица играчи ни се враќаат од суспензија. Ќе имаме малку повеќе опции околу составот. Убаво беше да се видат децата кои денеска играа. Некои од нив сè уште се малолетни. Мило ми е што ја почувствуваа атмосферата во националниот тим и што значи да се игра за Србија“, рече по синоќешниот дуел селекторот на Србија, Драган Стојковиќ-Пикси.