Драган Стојковиќ останува селектор на фудбалската репрезентација на Србија и во наредниот период, јавуваат српските медиуми. Пикси ќе добие поддршка од Извршниот одбор на Фудбалскиот сојуз на Србија и ќе го предводи националниот тим во Лигата на нациите и квалификациите за Светското првенство во 2026 година.
По неуспехот на Европското првенство, делуваше речиси сигурно дека ФСС ќе му даде отказ на Стојковиќ, но ситуацијата се промени во негова корист.
Драган Стојковиќ-Пикси ќе има можност да ги води Србите низ квалификациите за уште едно големо натпреварување.