Фудбалската репрезентација на Србија загуби од Албанија со 0-1 во Лесковац и сериозно ги загрози своите шанси за пласман на Светското првенство. Навивачите во текот на мечот од трибините скандираа „Пикси, оди си“, а тој ја прифати одговорноста.
„Јас сум виновен, јас сум предводник на оваа селекција и тука сум да поднесам одговорност. Би апелирал да не ги критикувате фудбалерите, затоа што вината е моја. Секако дека ни на крај памет не ми доаѓаше дека ќе го загубиме мечот со Албанија. Примивме гол после прекин на игра, во второто полувреме се обидовме да израмниме, но не успеавме. Албанија беше добро организирана во одбраната“, изјави Драган Стојковиќ после поразот од Албанија.
Следен меч за Србите е дуелот против Андора, но прашање е дали Драган Стојковиќ ќе биде на селекторската позиција.