Селекторот на Србија Драган Стојковиќ-Пикси верува дека неговиот тим може да стигне до победа на дуелот против Португалија на гости. Овој меч треба да го даде директниот патник на Мундијалот во Катар и селекцијата која ќе игра во бараж.
Пред патувањето во Португалија, Србите добија дополнителна мотивација во вредност од еден милион евра, доколку успеат да победат на ова гостување.
„Мораме да бидеме многу концентрирани. Знаеме дека Португалија има многу добар тим, но ќе направиме се за да постигнеме гол повеќе од нив. Од почетокот на квалификациите започнавме во еден стил и нема да го менуваме сега. Без разлика кој е противникот, ние најмногу се почитуваме себе си и сакаме да играме напаѓачки и атрактивни фудбал. Португалија има две големи предности. Првата е дека игра дома,а втората е дека два резултати се во нивна корист. Србија дојде тука со една цел, а тоа е да победи и да го освои првото место во групата“, рече популарниот Пикси.