25.8 C
Skopje
вторник, 23 септември 2025

Пикси не го издржа притисокот од јавноста во Србија

Репрезентацијата на Србија е во трка за освојување на второто место во групата од квалификациите за пласман на Светско првенство, а следините предизвици ќе ги има во октомври. Според распоредот, Србија ќе игра против Албанија на свој терен и против Андора.

За овој меч, селекторот Драган Стојковиќ-Пикси реши да попушти под притисокот на јавноста, па на најновиот список ќе повика двајца нови играчи.

Александар Станковиќ е фудбалер на белгискиот Бриж, а со своите добри игри дефинитивно заслужи место во националниот тим. Александар е син на легендарниот српски фудбалер Дејан Станковиќ.

Вториот играч кој ќе добие повик е Андреј Илиќ од Унион Берлин. Играчот на германскиот биндеслигаш е во одлична форма. Претходниот викенд на дуелот против Ајнтрахт Франкфурт имаше три асистенции за гол.

Според најавите, токму Станковиќ и Илиќ ќе бидат повикани во националниот тим.  Станковиќ има два настапи за У21 селекцијата на Србија, а Илиќ вкупно шестпати бил дел од националниот тим. Двајцата беа посочувани како играчи кои се во одлична форма, но селекторот Стојковиќ досега воопшто не размислуваше да ги повика. Сепак, популарниот Пикси попушти под притисокот на јавноста и двајцата фудбалери треба да бидат дебитанти во селекцијата на Србија за октомврискиот квалификациски циклус.

- Оглас -

Најнови вести