Пикси: Не ја посрамивме Србија, фудбалерите достојно се бореа

Србија е елиминирана од Европското првенство. Како последнопласирана селекција во групата со само два освоени бода си оди дома.

На Србите вечерва им беше потребен триумф против Данска во Минхен, но не успеаја ја ја остварат целта и одиграа само 0-0.

Селекторот Драган Стојковиќ вели дека сепак фудбалерите на достоен начин ја претставиле Србија и не ја посрамиле државата.

„Можам да кажам дека сум горд на момците, се бореа, дадоа сè од себе, имаа многу истрчани километри. Ако влеземе во подлабока анализа, поразот против Англија и изгубениот бод нè доведоа во оваа ситуација. Мислам дека оставивме добар впечаток, играчите ги заслужуваат сите честитки за борбеноста. Ја претставија Србија на најдобар начин.

Беше тежок натпревар, на тактички план идентично од двете страни. Беше како огледало во тактичка смисла. Бројот на шанси го покажува тоа… Знаевме дека ќе биде така. Знаевме дека мора да постигнеме гол од некоја шанса. Тие беа во подобра позиција бидејќи им одговараше бод. Словенија и Данска не победија никого, со нерешени резултати одат понатаму. Неверојатно, но вистинито.

Во Лигата на нации, мораме да анализираме што сме правеле, како сме правеле, дали можеше подобро, дали не можеше. Во еден сегмент направивме напредок, а тоа е дефанзивата.

Тоа е тоа, ни недостасуваше гол, победа. Можеби и тие шанси против Словенија. Сето тоа придонесе за ова. Одиме со кренати глави, не ја посрамотивме Србија”, истакна Драган Стојковиќ по елиминацијата од ЕВРО 2024.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести