Србија не успеа да ја оствари целта и да ја мине групната фаза на Европското првенство во Германија, но тоа нема да предизвика големи промени во струниот штаб на репрезентацијата.
Драган Стојковиќ-Пикси и во наредниот период ќе остане на чело на А селекцијата, водејќи ја во елитната дивизија на Лигата на нации, но и во квалификациите за СП 2026 година во Канада, САД и Мексико.
Пкси и покрај неуспехот на ЕВРО 2024, не сака да се откаже од селекторската функција, а ниту Фудбалскиот сојуз на Србија во овој момент не е подготвен да ја прекине соработката! Една од причините за тоа е новиот договор кој треба да важи до летото 2026 година, односно да истече по учеството на Србија на следното Светско првенство – доколку се пласира таму. Се шпекулира дека предвременото раскинување на соработката ќе го чини ФСС дури еден милион евра, но Пикси после ремито со Данска истакна дека нема такви клаузули.