20.8 C
Skopje
четврток, 11 септември 2025

Пикси останува селектор на Србија

Драган Стојковиќ – Пикси ќе остане на селекторската позиција на фудбалската репрезентација на Србија. Потврда дојде и од ФСС.

Генералниот секретар на Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС), Бранко Радујко, ги сумираше впечатоците по поразот од Англија и ги изнесе плановите за продолжението од квалификациите за СП 2026.

„Натпреварот со Англија беше разочарувачки, не само во поглед на резултатот (0-5), туку и во поглед на сè што беше прикажано. Верувавме дека дуелот со една толку голема фудбалска сила како што е Англија е вистинска можност на нашиот најголем стадион, исполнет до последното место, да поттикнеме позитивен бран и да го обновиме култот на репрезентацијата. Шансата е пропуштена, но од една толку голема патриотска цел никогаш не се откажуваме“, изјави генералниот секретар на Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС), Бранко Радујко, за „Танјуг“.

„Сега пред нас, само за три недели, е собирањето за најважниот натпревар во квалификациите – мечот со Албанија, кој директно ќе одлучува кој ќе оди во бараж за Светското првенство. Тој натпревар е наш апсолутен приоритет во овој момент. Имаме играчи кои не заборавиле да играат фудбал, играат во сериозни клубови, во сериозни лиги, знаеле претходно да ја израдуваат нацијата и верувам дека тоа можат да го сторат и овојпат“, рече Радујко.

Србија во моментов во групата К од квалификациите за Мундијалот се наоѓа на третото место со седум бода од четири натпревари, зад Англија која има максимални 15 и Албанија со осум бода од пет одиграни средби.

Следниот натпревар избраниците на селекторот Драган Стојковиќ – Пикси ќе го одиграат на 11 октомври против Албанија, а три дена подоцна ќе гостуваат кај Андора.

- Оглас -

Најнови вести