Пикси откри дали Митровиќ и Влаховиќ може да играат заедно во репрезентацијата

Во пресрет на утрешниот меч со Шведска, српскиот селектор Драган Стојковиќ, даде одговор на прашањето кое интересираше многумина, а тоа е дали може заедно да играат напаѓачите Александар Митровиќ и Душан Влаховиќ.

Голгетерите на Фулам односно Јувентус се слични профили на централни офанзивци, двајцата играат добро, па се постави прашањето дали има место за двајцата, или едниот (најверојатно помладиот Влаховиќ) ќе мора да седи на клупата за резерви.

„Митровиќ и Влаховиќ се одлични, не гледам проблем зошто не би биле заедно на терен. Тие двајца добро се разбираат. Ако имате двајца добри музичари, не гледам зошто не би можеле да свират заедно. Но, не би сакал да зборувам за системот на игра кој ќе го примениме утре против Шведска“ – рече популарниот Пикси.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести