Пикси: Планот беше да победиме, во второто полувреме ги натеравме Англичаните да се бранат

Српскиот селектор Драган Стојковиќ Пикси во своите први впечатоци после поразот од Англија, рече дека има фрустрација кај нив бидејќи намерата им била да победат.

„Планот беше нешто друго, да се победи вечерва. Дејствувавме моќно на теренот, не се плашевме освен во првите 15 минути кога намерно им ја подаривме топката на Англичаните. Добро стоевме во одбранбената зона, но мислам дека промените во вториот дел донесоа смиреност во додавањето и ги натеравме Англичаните да се бранат. Мислам дека треба да бидеме горди, освен со резултатот, но што да правиме. Одиме понатаму, нема од што да се срамиме. Нашиот тим може многу и тоа ќе го покажеме на следниот натпревар кога се надевам дека ќе имаме среќа да постигнеме голови“, изјави Стојковиќ.

- Оглас -

Најнови вести