Селекторот на српската фудбалска репрезентација, Драган Стојковиќ, поднесе оставка по поразот од Албанија со 0-1 во квалификациите за Светското првенство во 2026 година и најави дека нема да патува со екипата на следниот меч, гостувањето кај Андора за два дена.
„Ја поднесов мојата оставка до претседателот Драган Џајиќ и до генералниот секретар Бранко Радујко. Ирационално е во ваков амбиент да одам во Андора, мојот асистент Горан Ѓоровиќ ќе го води тимот. Приказната е завршена…“, рече Стојковиќ.
„Губењето дома од директен ривал има горчлив вкус. Не го очекував овој пораз. ја контролирам ситуацијата. Секако им посакувам на играчите и на сите други се најдобро. Сакам да победуваат и да се борат. Се извинувам на целата нација за овој пораз, но ви благодарам и за поддршката што ми ја дадовте во текот на овие четири и пол години“, изјави Пикси.
Инаку, српскиот тим против Андора најверојатно ќе го води Ѓоровиќ кој досега беше прв помошник на Стојковиќ, а потоа се очекува официјално за селектор да биде наименуван Вељко Пауновиќ.
Пауновиќ пред некој ден доби отказ од Овиедо и веќе не е тренер на тој шпански прволигаш, а пред десет како селектор на младинската репрезентација на Србија, го освои Светското првенство.