21.8 C
Skopje
вторник, 9 септември 2025

Пикси: Полните трибини ќе ни дадат дополнителна сила против Англија

Фудбалската репрезентација на Србија се подготвува за големиот предизвик во квалификациите за Светското првенство, дуелот со Англија, која во Белград пристигнува како апсолутен фаворит.

Селекторот Драган Стојковиќ – Пикси, на прес-конференција зборуваше за атмосферата и очекувањата.

„Не размислувам за тоа дали можеме да примиме ранен гол. Мора да бидеме концентрирани и смирени, свесни за амбиентот. Полн стадион е огромна мотивација, а тоа што нашите играчи имаат искуство од големи натпреварувања е предност. Среќен сум што ‘Маракана’ ќе биде исполнета и сигурен сум дека ќе изгледаме онака како што сакам“, истакна селекторот на Србија.

Пикси се наврати и на претходниот меч против Англија, како и на ситуацијата со Душан Тадиќ,

„И тогаш Англија беше фаворит, но игравме добро, без страв и со моменти на доминација. Би сакал да го имам Тадиќ и сега, но тоа е невозможно. Според мене, тогаш ја донесе одлуката пребрзо. На крајот, кој не би посакал таков играч во тимот? Немаше ништо страшно во тоа што рече, но сепак беше нешто што не требаше. Никогаш не сум му замерил“, додаде Пикси.

- Оглас -

Најнови вести