Пикси пред дуелот со Англија: „Ако први дадеме гол, наредбата ќе биде да дадеме и втор“

Србија првпат игра на Европско првенство како самостојна држава, а претходно играа и на шампионатот во Холандија и Белгија во 2000-тата, но како СР Југославија, во заедница со Црна Гора. Капитен на таа репрезентација беше Драган Стојковиќ – Пикси, кој сега е селектор на Србија.

Тој на официјалната прес-конференција не криеше дека англичаните се фаворити, но најави дека Србија не се плаши и ќе се обиде да дојде до победата.

„Ако први постигнеме гол, наредбата ќе биде да постигнеме уште еден. Многу е едноставно. Можеби сега се шегувате со мене со тоа прашање, но ќе видиме како ќе развива натпреварот, ќе видиме во кој правец ќе се движи. Играњето против Англија бара голема концентрација и максимална ангажираност во текот на целиот натпревар. Ќе направиме се за да им создадеме проблеми на англичаните, да направиме шанси преку кои ќе постигнеме гол, но фудбалот е игра која се игра во двата правци. Ова е Европскот првенство, секој бод, секој гол, секој жолт картон е важен и може да биде одлучувачки.“ – рече селекторот на Србија, Драган Стојковиќ – Пикси.

- Оглас -

Најнови вести