Селекторот на српската фудбалска репрезентација, Драган Стојковиќ-Пикси, беше добро расположен на денешната прес-конференција во Подгорица каде има играно пред повеќе од 30 години.
Популарниот Пикси и во Црвена ѕвезда и во репрезентацијата на Југославија беше соиграч со актуелниот претседател на фудбалскиот сојуз на Црна Гора, Дејан Савичевиќ, па раскажа и за нивниот однос.
„Се слушнавме пред почетокот на квалификациите, а и денеска, разговаравме на повеќе теми. Спомнавме дека стариот хотел Црна Гора го промени името во Хилтон, со Дејо се сложивме дека првото име беше поубаво. Го гледав мечот на Црна Гора со Бугарија, и кога видов дека на терен е Савичевиќ, прво се исплашив, помислив дека Дејо се вратил, но потоа сфатив дека тоа е младиот играч Вукан Савичевиќ“ – рече Стојковиќ.