Пикси им се закани на Роналдо и на Португалија

Србија го победи Азербејџан со 3:1 и со тие три бода, селекцијата предводена од Драган Стојковиќ-Пикси се искачи на првото место во групата А со 17 бодови, еден повеќе од Португалија, која има и меч помалку. На Србите сега им останува само уште еден меч, и тоа тој против Португалија на гости.

Ако Португалија на гостувањето кај Ирска загуби, тогаш на Србите во последното коло ќе им биде доволно да не загубат, но доколку Кристијано Роналдо и дружината освојат најмалку еден бод од тој меч, во последното коло на Португалија доволно ќе им биде да не загубат од Србија.

Селекторот на Србија, популарниот Пикси, верува дека неговата репрезентација може да се избори за директно место на Мундијалот во Катар.

„Никогаш не сум се занимавал со калкулации. Од доаѓањето на селекторската позиција, бев сконцентриран на нашиот тим и бев сигурен дека ќе играме до крај. Кога ми рекоа дека сме се пласирале во баражот, мојот одговор беше дека тоа не ме интересира, туку дека сум фокусиран на првото место во групата. Финалето ќе се игра во Португалија и тој меч ќе реши за селекцијата која директно ќе патува на Светското првенство“, рече популарниот Пикси.

- Оглас -

Најнови вести