12.8 C
Skopje
вторник, 7 октомври 2025

Пикси со големи проблеми пред дуелот со Албанија: Петмина во аут, четворица задоцнија

Репрезентацијата на Србија ги прави последните подготовки пред саботниот меч против Албанија во квалификациите за пласман на Светско првенство 2026. Овој дуел може да биде решавачки околу тоа која селекција ќе го освои второто место во групата, кое води во баражот за пласман на планетарниот собир.

Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ-Пикси, рече дека е оптимист и верува дека неговите избраници може да ја победат Албанија. Сепак, многу проблеми има за Србија во пресрет на овој натпревар.

Во составот на Србите сигурно ќе ги нема Саша Лукиќ, Коста Недељковиќ, Вања Милинковиќ-Савиќ, Иван Илиќ, Александар Катаи, а најверојатно и Немања Гудељ, кој има здравствени проблеми.

И од тие кои ќе бидат дел од составот за важниот меч, вчерашниот прв тренинг во Стара Пазова го пропуштија четворица.

Имено, четворица репрезентативци не присуствуваа на првиот тренинг одржан во понеделник во Стара Пазова. Станува збор за Душан Влаховиќ, Филип Костиќ, Страхиња Павловиќ и Немања Гудељ, кои не можеа да пристигнат навреме поради обврски во своите клубови.

- Оглас -

Најнови вести