1.8 C
Skopje
недела, 18 јануари 2026

Пилот на Ред Бул постави пет Гинисови рекорди за летање во автотунел (видео)

Дарио Коста, италијанскиот пилот на воздухопловниот тим на Реб Бул, постави пет Гинисови рекорди со летање со својот авион во автотунел.

Тој е првиот пилот кој полета со авион во тунел, летот во должина од 1.610 метри во вториот тунелот близу Истанбул е светски рекорд, како и најдолг лет под кров, односно прв лет во два автотунели.

Италијанецот со повеќе од 20 години искуство во акробациски летови, полета од првиот тунел и продолжи до наредниот, а просторот меѓу неговиот авион и тлото беше само 70 сантиметри. Леташе вкупно 2,26 километри, за што разви максимална брзина од 245 километри на час, што исто така е Гинисов рекорд.

- Оглас -

Најнови вести