Каде и да се појави, Новак Ѓоковиќ привлекува внимание, а во пресрет на вечерашниот меч против Лоренцо Музети на Мастерсот во Париз, српскиот тенисер даваше интервјуа и заигра пинг-понг со едно момче.
За време на дуелот со Карен Хачанов, Ѓоковиќ доби една понуда каква што досега веројатно никогаш не добил. Две дами држеа транспарент на кој пишуваше: „Не го сакаме твојот рекет, не ги сакаме твоите патики, сакаме само да испиеме по една часа вино со тебе и едно селфи“.
Иако пинг-понгот се нарекува и тенис на маса, сепак не е исто дали играте тенис или пинг-понг. Ѓоковиќ е еден од најдобрите тенисери на сите времиња, а во пинг-понг се мачеше против едно момче волонтер, дури и падна на земја по загубен поен, па ги насмеа сите околу себе и му подаде рака на подобриот.
Погледнете:
https://twitter.com/i/status/1587745740708892673