Милан нема друг избор, освен да почне без напаѓач во реванш-дуелот против Манчестер јунајтед во осминафиналето во Лигата на Европа.
Стефано Пиоли ќе се обиде прво да ја одбрани предноста од гостински гол по ремито од 1-1 на „Олд трафорд“, а Златан Ибрахимовиќ ќе му биде џокер од клупата за резерви.
На неколку часа пред дербито на „Сан Сиро“, од комбинација отпаднаа офанзивците Анте Ребиќ и Рафаел Леао, па се очекува Кастилјехо да ја добие улогата на лажна „деветка“. Во меѓувреме и Оле Гунар Солскјер остана без Кавани во составот, а отсутен е и Марсијал поради повреда.
https://twitter.com/acmilan/status/1372527860800446467