Пипен: Нема притисок од фанови, нема патувања, ова не е НБА

НБА-легендата Скоти Пипен јавно проговори против актуелниот начин на кој се доигрува сезоната во најсилната кошаркарска лига на светот. Пипен, кој освои шест шампионски титули со Чикаго булс во 90-тите години од минатиот век, мисли дека играњето плејоф без публика е многу лесно бидејќи го нема притисокот од трибините, кои често знае да биде фактор.

Во „Светот на Дизни“, каде што тимовите се затворени, недостасуваат навивачите, а Лос Анџелес лејкерс најдобро се снаоѓа и му фали само уште една победа за титула.

„Ова играњево во Дизниленд не е НБА. Ја нема онаа рутина, ги нема патувањата, ги нема навивачите да направат бука, нема кој да ве вознемирува. За мене, ова се како пријателски натпревари. Не постои никаков притисок врз играчите. Видете го Рондо, погодува 50 проценти од обидите за тројка, а со навивачи не може да погоди ниту една“, вели Пипен.

Освен што фали притисок од публиката, Пипен смета дека и немањето патувања многу ја олеснува работата.

„Нема патувања, секоја вечер си легнувате во исто време, во ист кревет. До сала одите пешки, го нема возењето со автобус. Не мора да седите во сала два часа пред меч за да давате изјави за медиумите. Тоа се работи кои може да ви го нарушат ритамот“, додава Пипен.

- Оглас -

Најнови вести