Пипо Инѕаги е нов тренер на Палермо

Палермо доби ново лице на клупата. Легендарниот италијански напаѓач Филипо Инѕаги официјално е назначен за нов шеф на стручниот штаб на сицилијанскиот второлигаш. Одлуката доаѓа по отказот на Алесио Диониси, а од клубот информираа дека договорот со Инзаги е на повеќегодишно ниво, без да се открие точниот рок на важност.

За Инѕаги ова е нов предизвик и нова шанса да запише уште една промоција во Серија А, нешто што веќе двапати го има постигнато. Прво со Беневенто во 2020 година, а потоа и минатата сезона со Пиза.


Иако Нераѕурите се надеваа дека ќе го задржат за новата сезона, Инѕаги реши да ја прифати понудата од амбициозниот проект на Палермо, клуб кој е дел од City Football Group, глобалната фудбалска мрежа зад која стои и Манчестер сити.

Минатата сезона Палермо заврши на осмата позиција во Серија Б, но беше елиминиран уште во првото коло од плејофот за влез во елитата, резултат што ја заврши ерата на Диониси.


Сега, со Пипо Инзаги на кормилото, навивачите на Палермо се надеваат на нова ера и конечно враќање во прволигашкото друштво.

- Оглас -

Најнови вести