Пирло: Јуве е супериорен во однос на Барса, но со Сити е рамноправен

Андреа Пирло, легендата на италијанскиот фудбал, верува дека неговиот поранешен клуб Јувентус има добри шанси сезонава да ја освои титулата во Лигата на шампионите. Откако Јуве во осминафиналето го елиминираше Атлетико Мадрид со победа од 3-0 по поразот од 0-2, Пирло верува дека „старата дама“ може да оди до крај.

Пирло порачува дека Јувентус не треба да се плаши од никого и дека единствен вистински ривал му е Манчестер сити.

„Јувентус одигра совршен меч против Атлетико. Не знам дали Јуве ќе победеше со 3-0 ако не играше Роналдо, тешко. Големите клубови важните мечеви ги подготвуваат до најситни детали и затоа можат да одговорат по пораз. Јувентус е посилен од Барселона и мислам дека Манчестер сити им е најопасен ривал“, изјави Пирло.

Јуве со Сити може да се сретне во полуфинале, а со Барселона само во евентуалното финале. Пред можен двобој со Манчестер сити, Јуве треба да го елиминира Ајакс.

„Ајакс е добра ждрепка. Тие одиграа два добри меча против Реал, но шпанскиот тим беше многу неорганизиран. Јувентус нема да ја повтори грешката и физички може да го растури Ајакс“, додава Пирло.

- Оглас -

Најнови вести