Пирло објасни зошто Јувентус одигра толку слабо

Со два гола примени на почетокот на двете полувремиња, Јувентус немаше шанса да се спаси од пораз на гостувањето кај Порто во првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампионите. Италијанскиот првак пред крајот на дуелот сепак успеа да даде погодок и да намали на 2:1, што и не е толку лош резултат пред реваншот во Торино. На Јувентус во реваншот доволно ќе му биде да слави со 1:0 за да оди во следната рунда.

За поразот во Порто, тренерот на Јувентус, Андреа Пирло, имаше објаснување. Рано примениот погодок бил клучен за понатамошната слаба игра на фудбалерите на италијанскиот првак.

„Кога ќе примите гол во првата минута од мечот, и тоа чуден како тој ние што го примивме, природно е играчите да ја загубат самодовербата, посебно кога играш против тим кој знае како да се организира во одбраната. Порто многу брзо го доби тоа што го сакаше од мечот. Ние имаме многу збиен распоред на мечеви и нормално е дека не може секогаш постојано да се биде фокусиран, но сигурно не треба да се случуваат вакви грешки во дуел од осминафиналето во Лигата на шампионите“, рече Пирло по дуелот во Порто.

 

- Оглас -

Најнови вести