Пирло положи за тренерска лиценца, но не како најдобар во генерацијата

Андреа Пирло го положи испитот за УЕФА ПРО тренерска лиценца како втор најдобар во генерацијата на идни италијански тренери. Предводникот на Јувентус денес го доби сертификатот во просториите на Фудбалската федерација на Италија.

Најмногу поени на испитот собра Тијаго Мота (108 од 110), поранешниот италијански репрезентативец, додека Пирло доби 107 поени. Во оваа генерација тренери лиценца доби и Лука Тони, ексголгетерот на Баерн Минхен.

Пирло сега треба да ја прослави лиценцата со победа против Сампдорија во премиерното коло од Серија А, дуел кој е закажан на 20 септември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести