Јувентус е уште без пораз во Серија А сезонава, но италијанскиот првак сепак не е ниту во Топ 4 на табелата по седум одиграни меча. Старата дама заостанува четири бода зад лидерот Милан, а тренерот Андреа Пирло вети дека сега ќе дојде време во кое Јувентус ќе почне да реди серија победи.
Првиот дуел на Јувентус е во Торино против Калјари, а Пирло вели дека веќе нема да има експерименти во играта.
„Мечот со Калјари е од клучно значење. Заврши периодот на адаптација и сезоната за нас сега треба да започне. До Божиќ ни следуваат 10 меча и сите тие за нас ќе бидат како финалиња. Започнуваме утре и сакам да видам борбен дух кај сите играчи. Треба да одиграме ефикасно за да стигнеме до посакуваниот резултат. Калјари е одличен тим на сите позиции и ќе треба да бидеме на посакуваното ниво за да стигнеме до бодовите“, вели Пирло.