Андреа Пирло, тренерот на Јувентус, во пресрет на дербито против Интер, испрати пофалби до својот колега Антонио Конте, под чија палка играше од 2011 до 2014 година токму во редовите на актуелниот италијански првак.
Пирло откри дека има одлична врска со Конте, а токму поради него првпат му се родила желбата да заплива во тренерските води.
„Со Конте имам одлична врска бидејќи сме различни по карактер, нешто што ни одговара и на двајцата. Тој ја збогати историјата на Јувентус, остави длабока трага во овој клуб. Секогаш ќе му бидам благодарен што ме навлече во тренерските води. Пријатели сме, но утре како противници ќе застанеме покрај аут-линијата“, посочи Пирло.
Големото дерби на „Џузепе Меаца“ е предвидено за вечерниот термин од 20:45 часот.