Пирло влезе во Куќата на славните и порача: Мечот против Македонија е историски за сите Италијанци

Андреа Пирло од денеска и официјално е член во Куќата на славните во италијанскиот фудбал.

Легендарниот играч од средината на теренот со Аѕурите го освои Светското првенство во 2006 година, а на клупско и индивидуално ниво има безброј трофеи и награди.

„Јас сум горд Италијанец и за мене ова претставува вистинска чест. Вечно ќе му бидам благодарен на Карло Мацоне, кој што ме научи како да го сакам фудбалот и да бидам тоа што денес сум. На 24 март ќе бидам во Палермо и со целото мое срце и душа ќе навивам за Италија против Македонија.

Ова е историски натпревар за сите Италијанци и молам Бога да се пласираме на Светското првенство во Катар“, изјави Пирло.

- Оглас -

Најнови вести