Пирова победа на 76-те од Филаделфија, им се повреди Ол-стар ѕвездата (Видео)

Водечките екипи во НБА лигата продолжија да победуваат, но сега еден од фаворитите за титулата, тимот на Филаделфија 76 стравува дека може да ја загуби главната ѕвезда на подолг период.

Популарните 76-ки лесно го победија Вашингтон со 127:101, но стравуваат по повредата на коленото што ја доживеа Џоел Ембид при едно забивање во третата четвртина.

Изгледаше дека моќниот центар рутински ќе забие, но лошо доскокна и се повреди. Во таборот на Филаделфија ги чекаат резултатите од рентгентските снимања, по што ќе се знае дали Ембид ќе паузира подолг период, или ќе мине без сериозни последици.

Ембид моментно е втор најдобар стрелец во НБА со просек од 30.2 поени, зад Бредли Бил, кој ноќеска му помогна на ривалот да замине во соблекувална по повредата.

Успешен настап имаше и Јута џез, екипата со најдобар биланс во НБА лигата. Џезерите славеа убедливо со 114:99 против Хјустон рокитс и сега имаат 28 победи и 9 порази.

Резултати: Мемфис – Денвер 102:103, Њу Орлеанс – Кливленд 116:82, Вашингтон – Филаделфија 101:127, Чикаго – Мајами 90:101, Сан Антонио – Орландо 104:77, Јута – Хјустон 114:99, Л.А Лејкерс – Индијана 105:100.

- Оглас -

Најнови вести