Гранада го победи Атлетик Билбао со 2:1 во ревашот од полуфиналето во шпанскиот куп, но победата е Пирова и двете екипи од Баскија, Атлетик и Реал Сосиедад ќе играат за пехарот во популарнито Копа дел Реј.
Првиот меч го добија Баските со 1:0 и благодарение на гол повеќе на гостински терен при израмнет вкупен резултат од 2:2 ќе се бори за пехарот.
Гранада имаше сè во свои раце откако поведе со 2:0 со головите на Фернандес и Санчес, но Јури Берчиче во 81-вата минута го постигна многу посакуваниот гол за гостите што ги води во финалето.
Вчера Реал Сосеиедад со победа против Мирандес од 1:0 стигна до финалето со вкупен резултат од 3:1.
Атлетик ќе го игра 38-мото финале во шпанскиот куп и има 23 титули, со што е втората најтрофејна екипа во Копа дел Реј, зад Барселона со 30 трофеи.
Реал Сосиедад ќе го игра осмото финале за третиот пехар.