Ливерпул и Баерн се првите четвртфиналисти во Лигата на шампионите, откако во два меча ги елиминираа Интер, односно Салцбург.
Ливерпул стравуваше во реваншот на својот стадион „Енфилд роуд“ што го загуби со 0:1 од италијанскиот шампион, но, сепак, благодарение на победата од 2:0 во Милано со вкупен резултат од 2:1, оди понатаму.
Лаутаро Мартинес постигна фантастичен гол во 62-рата минута, но веднаш во следната минута беше исклучен Алексис Санчес, па со играч помалку на теренот, Интер немаше сили за подвиг.
#UCL
Liverpool 0-1 Inter | GOAL! Lautaro. pic.twitter.com/E1yLr4BgDb— ꜰᴀꜱᴛ ɢᴏᴀʟꜱ ⓶ (@iF29s) March 8, 2022
Баерн го растури Салцбург со 7:1 во блескава ноќ на офанзивците на германскиот првак и особено на Кралот на стрелците Роберт Левандовски.
Со тоа стигна до 40 гола во оваа сезона, и тоа по седми пат по ред што е уште еден рекорд.
https://twitter.com/brfootball/status/1501298442596986881?s=20&t=fGUi1EuEqh1ZDSJVe7mEcQ
Ремек-делото вечерва Полјакот го зачини и со асистенција до Лерој Сане за 7:1.
Мајсторскиот потег на Лева и асистенцијата за голот на Сане можете да ја погледнете ОВДЕ.
Томас Милер даде два гола, а покрај Сане, стрелец беше и Серж Гнабри во голеадата што со погодок за Салцбург ја зачини и Кјаергард.
Баерн се пласира понатаму со вкупен резултат од 8:2.