Пирова победа за Веспрем и Манасков, Нант и Лазаров одат на Ф4 во ЛШ

Веспрем триумфираше со 32:30 во реваншот против Нант, што беше недоволно за пласман на фајнлфор завршницата во Лигата на шампионите.

Манасков со унгарскиот гигант претрпе големо разочарување од селекторот на Македонија Кирил Лазаров кој ќе игра нов Ф4 турнир, односно по вторпат ќе биде меѓу топ 4 екипите во Европа откако е член на Нант. За Нант беше доволен триумфот од 32:28 во првата средба и е трет полуфиналист во Лигата на шампионите, откако претходно се пласираа ПСЖ и Алборг.

Гостите подобро ја отворија средбата и до средина на првото полувреме го држеа резултатот во своја корист, за пред паузта Веспрем да ја преземе иницијативата при водство од 18:15. До крајот на мечот домаќините ниту еднаш не остварија предност од пет гола со кои ќе беа полуфиналисти, па затоа и не се радуваана пировата победа.

Лазаров заврши со четири погодоци од 10 обиди, додека Манасков на другата страна оствари учинок 2/2.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести