Данил Медведев изведе удар и потоа со пируета се заврте со грб кон Душан Лајовиќ прославувајќи сигурен поен, што и успеа да го освои откако противникот ја погоди мрежата.
Рускиот ас веројатно малку и го потцени српскиот тенисер, но потегот и движењето што ги направи се уникат во светот на тениската игра.
https://twitter.com/TennisTV/status/1367148511633035271?s=20
Потоа и се насмевна во знак на извинување кон Лајовиќ, а на дуелот што го доби српскиот тенисер со 7:6, 6:4 Русинот имаше уште неколку атрактивни потези.
Сепак, во осминафиналето на АТП-турнирот во Ротердам ќе игра Лајовиќ, но долго ќе се памети пируетата на Медведев.