Гостивар е фаворит, но квотата за победа на Вардар е фантастична (Фото)

Дуелот помеѓу Гостивар и Вардар ќе означи старт на пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига. Амбициозниот Гостивар е фаворит според квотите во Sport Life со квота од 1.68 за победа, но засилениот Вардар патува без бело знаме и по изненадување, а квотата за победа на скопските „црвено-црни“ изнесува 4.90.

На првиот натпревар есенсоска, фудбалерите на Гостивар победија со 0-2 во Скопје, додека во петте второлигашки дуели, гостиварци победија двапати, два натпревари завршија нерешено, а Вардар забележа една победа. Овие две екипи играа во прволигашката конкуренција и во сезоната 2013/14, кога Гостивар како дебитант во лигата ги загуби сите три натпревари од тогаш моќниот состав на Вардар.

Денес почетокот на прволетниот дел ќе го имаат и фудбалските второлигаши. Лидерот Беса е пред лесен предизвик, со оглед на тоа дека во Врапчиште гостува Осогово, а се чини дека лесна задача ќе има и битолски Пелистер, која ја пречекува Беласица. Второпласираната екипа на Детонит Плачковица ќе гостува во Неготино, кај екипата на Вардар.

Најинтересно се очекува да биде во Тетово, на дуелот помеѓу поранешните прволигаши Тетекс и Победа, екипи кои тежат вкупно пет трофеи од првенството и Купот на Македонија.

Двојки – денес 14 часот

Охрид – Башкими
Тетекс – Победа
Беса – Осогово
Пелистер – Беласица
Арсими – Новаци
Скопје – Саса
Вардар Н. – Детонит П.
Караорман – Кожуф

Табела: 1. Беса 40, 2. Детонит П. 35, 3. Пелистер 33, 4. Арсими 23, 5. Кожуф 23, 6. Охрид 23, 7. Новаци 22, 8. Скопје 21, 9. Беласица 20, 10. Вардар Н. 18, 11. Тетекс 18, 12. Башкими 18, 13. Победа 15, 14. Осогово 12, 15. Караорман 11, 16. Саса 8.

- Оглас -

Најнови вести