По толку тврдења дека ПСЖ нема да го откупи договор на Мауро Икарди од Интер, француските медиуми известуваат дека ситуацијата во таборот на шампионот се смени, па сега Аргентинецот е пожелен на „Паркот на принцовите“. Наводно Светците ќе стапат во контакт со Интер да ги обноват преговорите околу услугите на Икарди.
ПСЖ има две барања, уште една сезона позајмица па потоа откуп, или пак уште во следниот пазарен период да кешира само 50 милиони евра од претходно договорената клаузула од 70 милиони евра. Логично е францускиот првак да бара попуст ако се знае дека за изминатава сезона веќе потрошија 13 милиони евра за ангажманот на аргентинскиот ас.
Секако Интер го има последниот збор, па ако се знае дека Конте не смета на Икарди, да се продаде поранешниот капитен е единствена опција.