Уругваецот Луис Суарес е еден од најопасните голгетери во светскиот фудбал во последната деценија, не е спорно дека знае да даде гол на разни начини, но својот квалитет не го покажува кога игра на гостински терен во Лигата на шампионите. Суарес повеќе од 36 часа и над 2.100 минути нема постигнато гол на гости, уште од септември 2015 година кога Барса гостуваше кај Рома.
Во шпанската лига, тој е втор стрелец и добро му оди, дава голови и на гостински терен, но во Европа постави негативен рекорд и стана првиот централен напаѓач кој не дал гол на 25 гостувања по ред.
Синоќа против Челзи, Суарес беше повлечен од игра во 59-та минута, и кога излегуваше и потоа додека седеше на клупата, иронично се смешкаше.
https://www.youtube.com/watch?v=1cHUIA3C6EY