Тренерот на РК Вардар, Давид Писонеро, верува во победа в недела од 17 часот против Порто на домашен терен, но рече дека за разлика од останатите противници во групата, овојпат Вардар ќе треба да игра против еден поинаков тим, со различна тактика во нападот. Порто постојано игра „седум на шест“.
„Ова е важен меч за нас. Победата против Монпелје нема да има значење доколку не победиме против Порто. Ќе биде тежок меч, имаме тим кој игра најдобро седум на шест во светот. Не играме често против таква екипа, ќе видиме како ќе биде, не сме навикнати на таква игра. Но, ова е прв домашен натпревар во Лигата на шампионите и сакаме да победиме“, рече Писонеро.
Писонеро додаде дека на Суперкупот штеделе сила и дека против Порто ќе фалат само Стоилов и Толедо.
„Секогаш сме возбудени на старт од сезона. Прв меч на домашен терен, и тоа како европски првак, чувството е посебно, едвај чекам да излезам на терен, ќе имаме полна сала, сите ќе дојдат да не поздрават. Мора да одговориме на добар начин. Знаеме дека ќе биде тешко, без разлика кој е противник. Не очекувам да биде лесно, треба добро да се подготвиме, но очекувам два бода. Мислиме само на победа“, изјави Тимур Дибиров.
Сите корисници кои се дел од Sport Life клуб, може да земат ракометен дрес на Вардар преку Sport Life маркетот.