Детроит пистонс – Лос Анџелес лејкерс (НБА, 00 часот)
Детроит имаше многу лош учинок на двете последни средби и што е речиси и неверојатно против Бруклин и Мајами не успеа да ја мине границата од 80 поени.
Пистонс бијат битка за место во плејофот во Источната конференција, но ноќеска веројатно ќе мора да играат без бекот шутер, Реџи Џексон.
Гостин им е некогашниот голем ривал од финалињата во НБА лигата во 80-те и 90-те години од минатиот век. Лејкерс немаат шанса за настап во доигрувањето за титулата, но секогаш имаат посебни мотиви кога играат против Детроит.
Иако се без Инграм и Бол, веројатно и без Стивенсон и Чендлер ќе типуваме дека популарните „езерџии“ нема да загубат со двоцифрена разлика.
Предлог тип: 2 со хендикеп 11.5 поени (1.85)
Њу Орлеанс – Портланд (НБА, 01 часот)
Портланд речиси сигурно ќе игра во плејофот, а има дури шанси и за првата позиција на Западот во НБА лигата. Лилард и Мек Калум се движечката сила на Трејлблејзерс и кога тие двајца играат на препознатливо ниво, нема проблеми за Портланд.
Лилард е особено разигран против Њу Орлеанс, а сега и ќе го нема против себе одличниот дефанзивец Џру Холидеј, кој е повреден, па и за него и за Портланд работата е олеснета.
Њу Орлеанс влета во хаотична ситуација со најавеното заминување на првата ѕвезда Ентони Дејвис и шансите за плејофот исчезнаа. Дејвис игра, но со ограничена минутажа што е посебен случај во НБА лигата.
Портланд е голем фаворит за победа, ги доби последните два дуели со Њу Орлеанс, но според нас подобра варијанта е да се типува на плус поени на целиот меч.
Последните три меѓусебни дуели беа ултра ефикасни со повеќе од 240, па и 250 поени, па овде ќе ви предложиме да играте плус поени.
Предлог тип: > 233.5 поени (1.90)
Сан Антонио спарс – Њујорк никс (НБА, 01.30 часот)
Њујорк со победа од 130:118 против Сан Антонио во финишот на февруари ја прекина неверојатната серија од 18 домашни порази по ред.
За „мамузите“ тоа беше незгоден пораз во неочекуван момент, кога се борат за да ја задржат седмата позиција во Западната конференција.
Ноќеска ќе имаат шанса за реванш против најслабата екипа во Лигата и типуваме дека ќе ги освојат бодовите со убедлива победа.
Предлог тип: 1 со хендикеп 13.5 поени (1.90)
Колумбус Блу џекетс – Каролина хурикенс (НХЛ, 00 часот)
Голема битка ќе се бие во „Нешнвајд арена“ во Колумбус меѓу двете екипи што се кандидати за доигрувањето. Гостите се на седмата позиција, а веднаш зад нив е Колумбус.
Влогот е голем, не смее да се загуби, а овде и традицијата на меѓусебните дуели ветува нов тврд меч. На последните 9 од 10 меѓусебни дуели немаше повеќе од пет голови, па нашиот предлог ќе биде да се одигра минус голови. За похрабрите веријатно и „нулата“ доаѓа в предвид, но посигурен тип е помалку од 5.5 голови.
Предлог тип: < 5.5 голови (2.00)
Калгари флејмс – Њујорк ренџерс (НХЛ, 02 часот)
Ренџерите од Њујорк имаат разочарувачка сезона, а плејофот е далеку и ако не се случи големо чудо, по долг период нема да настапат во доигрувањето.
Калгари е сосема друга приказна сезонава. Флејмс играат одличен хокеј и се на втората позиција во западната конференција со шанси да бидат и први. Против Ренџерс во минатите сезони тешко излегуваа накрај, имаат повеќе порази од победи, но сега ситиацијата е поинаква. Тие се фаворит, а очекуваме ефикасен меч ноќеска во Калгари.
Предлог тип: 1&5+ (2.13)