14.8 C
Skopje
среда, 3 септември 2025

Питер Крауч се враќа во Премиер лигата

Искусниот Питер Крауч повтоно ќе игра во Премиер лигата откако ги довогори условите со Барнли. Неодамнешниот играч на Стоук ја раскина соработката со второлигашот, а во дресот на Барнли ќе игра до крајот на сезоната и ќе заработи два милиони фунти.

Клубот кој се бори да опстане во англиската елита во спротивна насока го испрати Сем Вокс, за кого Стоук ќе исплати осум милиони фунти, додека со исполнување на одредени бонуси, сумата може да достигне и до 10 милиони фунти.

Триесет и осумгодишниот напаѓач во својата кариера забележа 462 настапи во Премиер лигата носејќи ги дресовите на Ливерпул, Тотенхем, Астон вила, Стоук, Саутхемптон и Портсмут, за коишто постигна 108 погодоци.

- Оглас -

Најнови вести