Женскиот фудбалски клуб Питерборо од Англија има проблем поради една нивна убава фудбалерка.
На социјалните мрежи врие од коментари со комплименти за физичкиот изглед на девојката која се вика Тара Мае Кирк. Тара неодамна даде два гола во победата на Питерборо од 10-0 во еден полупрофесионален регионален куп, а фрчат лајкови и коментари не за нејзините погодоци, туку за изгледот.
Од клубот сметаат дека тоа е неприкладно, дури и порачаа дека таквите фанови не се добредојдени и не им требаат ако навиваат за тимот само поради убавата Тара.
Додека за другите осум голови на Питерборо има двоцифрен број лајкови, кај 20-годишната Тара, која има играно и за Лестер, има речиси 40.000.
Тара на социјалните мрежи објавува фотографии во кои блеска во полн сјај и не за џабе има толку нови следбеници.