Пиза после 34 години се врати во Серија А!

Пиза се враќа во Серија А после 34 години, откако денеска тимот предводен од тренерот Филипо Инѕаги, му се придружи на Сасуоло како нови членови во елитата на Италија.

Пиза загуби со 0-1 од Бари, но и третопласираната Специја претрпе пораз од Реџана со 1-2 како гостин, па разликата меѓу двата тима е девет бода, а до крајот на сезоната остануваат уште две кола. 

Фанови почнаа да се собираат и да слават кај славната крива кула во Пиза, а за популарниот Пипо ова е трета промоција во Серија А, откако тоа го направи и со Венеција и Беневенто.

- Оглас -

Најнови вести