Пјаниќ го бакна трофејот и упати моќна порака до сите навивачи на Јувентус

Уштеод минатиот месец се знае дека Миралем Пјаниќ во новата сезона ќе биде играч на Барселона. Репрезентативецот на Босна и Херцеговина од Јувентус си заминува со стил, освојуваќи уште еден трофеј во Серија А. Пјаниќ очекува дека шампионскиот пехар од италијанското првенство нема да му биде последна радост како играч на Јувентус.

Играчот за врска верува дека Јувентус има сили да стигне и до европскиот трон, односно да триумфира во Лигата на шампиони. Старата дама ќе има голем предизвик за да го направи тоа. Најпрво ќе мора да надополни негатива од 1:0 во дуелот со Олимпик Лион во осминафиналето, а потоа да биде најдобар и во турнирската завршница во Лисабон.

Во фотографијата објавена на Инстаграм профилот, Пјаниќ го бакнува шампионскиот трофеј од Серија А и порача дека со тоа не се простува од Јувентус, туку дека тоа ќе го направи на 23 август. За 23 август е закажано финалето во Лигата на шампиони.

 

- Оглас -

Најнови вести