Јувентус со сигурни 2-0 против Спал ја запиша петтата победа во Серија А по шест кола. Актуелниот италијански првак славешеблагодарение на погодоците на Пјаниќ и Роналдо, што беше и повеќе од доволно за Старата дама повторно да се врати на врвот на табелата, барем на привремено.
Овој меч беше во знакот на легендата Џанлуиџи Буфон, кој од денес е играч со најмногу клупски настапи кој доаѓа од Италија. Буфон го надмина рекордот на Паоло Малдини (902), а покрај тоа што рекордот го круниса со триумф, дополнително радува тоа што 41-годишниот чувар на мрежата сочува и празна мрежа. Сите 903 настапи Буфон ги запиша бранејќи за Јувентус (658) и Парма (220) од Калчо лигата, а 25 меча запиша во дресот на ПСЖ.
https://www.dailymotion.com/video/x7lv1sm
https://www.dailymotion.com/video/x7lv3zb