Јувентус целосно може да се фокусира за мечевите од Лигата на шампиони бидејќи во Серија А има дури 13 бода пред второпласираниот Наполи. „Старата дама“ в среда ќе гостува кај Атлетико Мадрид, во првиот меч од осминафиналето на елитната лига на УЕФА. Италијанскиот првак патува полн со самодоверба дека може да се направи добар резултат во Мадрид.
„Тимот на Диего Симеоне има стил кој изгледа како нашиот стил на игра. Не ви даваат многу простор на теренот и одлично се познаваат меѓу себе. Се работи за многу агресивен тим кој не прима многу голови, но кога ќе ги видите индивидуално имињата на играчите, мислам дека сме многу посилни. Сон на сите во Јувентус ни е да ја освоиме Лигата на шампионите и искрено се надевам дека ќе го оствариме тоа. Секогаш ни фалел играч кој ќе можел да реши важен меч со еден потег. Сега го имаме Роналдо, кој едноставно е роден за такви работи. Тој е роден победник и е ‘оружјето’ што ни недостасуваше“, вели Пјаниќ.
Коефициентите во обложувалниците на Sport Life за овој меч се речиси израмнети, што значи дека во Мадрид се очекува многу неизвесен дул.