Фудбалерот на Јувентус и репрезентативец на Босна и Херцеговина, Миралем Пјаниќ, деновиве во слободно време ужива со семејството и дружба со пријателите, со кои игра и по некоја партија тенис, и тоа на тревната подлога, како на славниот гренд слем турнир Вимблдон.
Додека плејмејкерот на Јуве игра тенис, во позадина се слуша хит песна на пејачот на народна музика, Миле Китиќ, и тоа предизвика внимание и коментари.
— SportTime (@SportTi43915378) April 12, 2020