Пјаниќ ставен на трансфер листа бидејќи премногу се жали на медиумите

Барселона наводно го стави Миралем Пјаниќ на трансфер-листата, фудбалерот за врска кого го ангажира минатото лето за сума од 60 милиони евра од редовите на Јувентус.

Според шпанските медиуми, Пјаниќ премногу се жалел на медиумите дека не добива доволно минутажа во тимот на Ронлад Куман, што воопшто не му се допаднало на холандскиот стратег. Затоа, Пјаниќ веќе ова лето ќе треба да се сели, а големи се шансите да се врати во Италија каде што претходно ги бранеше боите и на Рома, пред Јувентус.

Во 28 настапи во сите натпреварувања сезонава, Пјаниќ сè уште нема придонес за Каталонците, односно е без погодок и асистенција, а во главно влегува од клупата за резерви. Во текот на сезоната повеќепати се примети дека 30-годишниот Босанец не се вклопува во тактиката на Куман, што е причина повеќе да биде продаден во најбрз можен период.

- Оглас -

Најнови вести