Фудбалерите на Ал Шаржа загубија на гостувањето во Јордан од Ал-Фаисали со 2:1 и со тоа е елиминиран од Лигата на шампионите во Азија. Гостите водеа со 1:0, но буквално во последните минути се случи голем пресврт.
Во 90-тата минута домаќините израмнија на 1:1, а во 90+7 минута следуваше целосен пресврт за победа на домаќините од 2:1. Миралем Пјаниќ лут поради овој исход на мечот, во 99-тата минута само за 30-тина секунди доби два жолти картона и беше исклучен, а неговиот тим е елиминиран уште во групната фаза од елитната лига на азискиот клупски фудбал.
Моментот кога Пјаниќ доби два жолти картони може да го видите ТУКА.