16.8 C
Skopje
недела, 28 септември 2025

Пјастри: Подготвен сум да одолеам на притисокот што го носи битката за титулата

Оскар Пjастри, лидерот во Формула 1, се изјасни дека е подготвен да се справи со интензивниот притисок што го носи завршницата на сезоната, со последните седум трки и битката за светската титула.

Во моментот, Пjастри води со 25 поени пред својот тимски колега во Мекларен, Ландо Норис, кој во Баку освои само шест поени, додека Пjастри отпадна. Третопласиран е Макс Ферстапен, на 69 поени зад лидерот.

Австралиецот нагласи дека искуството што го стекнал со титулите во Формула 3 и Формула 2 ќе му помогне да се носи со притисокот во првата сезона кога е кандидат за титулата во Ф1.

„Кон крајот на сезоната притисокот се зголемува, но јас сум подготвен. Веќе сум бил во вакви ситуации во други шампионати, и знам дека крајот на сезоната секогаш носи слична битка. Можам да се потпрам на Марк Вебер, но клучно ќе биде како ќе се справам со притисокот и како ќе реагирам на предизвиците што следуваат. Имам доверба во тимот, во Марк, и едвај чекам да видам како ќе се развиваат работите“, рече Пjастри.

- Оглас -

Најнови вести