Најпознатиот фудбалски судија во историјата, Пјерлуиџи Колина, беше препознатлив по својот изглед, немаше ниту едно влакно на телото, а причина за тоа е болеста алопација од која тој се разболе кога имаше 24 години.
Колина многу подоцна стана познат во Италија и светот, па ретки се луѓето кои го паметат со коса.
Деновиве се појави една стара фотографија од почетоците на Колина како судија, и се гледа дека не само што не е ќелав, туку има бујна коса.
Верувале или не, човеков на фотографијата е Колина.