Кжиштоф Пјатек ги постигна првите голови за Милан, во вистинско време беше ефикасен и со двата погодока најзаслужен за победата на својот нов тим против Наполи за пласман во полуфиналето во Италијанскиот куп.
Пјатек одигра извонредно во 11-тата минута, го мина Кулибали и погоди за 1-0. Тоа беше неговиот деби гол за Милан, а нов прецизен удар од Полјакот стигна во 27-мата минута.
https://twitter.com/ACMilanGoleador/status/1090338900072116224
И повторно реагираше извонредно и повторно погоди за победа од 2-0.
https://twitter.com/ESPNFC/status/1090356318630752257
Двете екипи играа меѓусебе и викендов, во меч од Серија А што заврши без голови.
Милан во полуфиналето на Италијанскиот куп ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Лацио и Интер.