Пјонтек дебитираше за „росонерите“, Милан и Наполи не постигнаа гол

Милан и Наполи вторпат по ред ремизираа без голови во меч од Серија А одигран во Милано. Дербито понуди скромен фудбал и две големи шанси за двете екипи.

Најпрво Мусакио не успеа да го совлада Оспина и да му ги донесе бодовите на Милан, а потоа Зјелински промаши чиста шанса во финишот за да му обезбеди победа на гостинот од Неапол.

За Милан дебититраше еден од најдобрите стрелци во Лигата, Кжиштоф Пјонтек, одигра дваесеттина минути во финишот, но не успеа  со гол да го зачини дебито за гигантот.

Наполи сега има 48 бода, осум помалку од лидерот Јувентус, но со меч повеќе, а Милан е на четвртото место со 35 бода, зад Интер со 40.

- Оглас -

Најнови вести